Мицкоски со методот ,,Ти кажувам ќерко сети се снао”, му објасни на Мицотакис како стојат работите

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски со методот односно старата народна македонска изрека ,,Ти кажувам ќерко сети се снао”, му објасни на грчкиот колега Киријакос Мицотакис како стојат работите со Преспанскиот договор.



Тој меѓу редови, му порача на Мицотакис да поднесе тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг ако смета дека е прекршена спогодбата од Преспа.

„Ако јас мислам дека е така (дека е прекршен Договорот од Преспа н.з.), ангажирам адвокати, почнувам процес и судот е тој којшто докажува“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање во врска со ставовите на грчкиот премиер Мицотакис за спроведувањето на Договорот од Преспа од страна на Владата во Скопје.

Македонскиот премиер смета дека изјавата на Мицотакис во новинарското прашање не е правилно пренесена.

Новинарско прашање до Христијан Мицкоски гласеше:

„Премиере, грчкиот премиер вели дека Македонија нема ни чекор да направи во Европа доколку раководството не даде јасна изјава во врска со потпишаниот Преспански договор?“

Мицкоски прво рече дека кажал што мисли на темата.

„Нашата позиција е јасна. Ете, ја пропушти можноста на два настани пред целиот свет да можеме да ги вкрстиме аргументите. Подготвен сум повторно ако треба, што направила Македонија, што направила Грција, да седнеме и да видиме. Нема проблем. Но јас би сакал да го оставиме минатото зад нас и да гледаме во иднината затоа што граѓаните очекуваат иднина, а во таа иднина се и добрососедските односи“, рече првично Мицкоски по што порача дека односите меѓу соседите се двонасочна улица и дека соседите кои се биле навикнале на политичари безрбетници не треба да го очекува истото од актуелната влада.

Мицкоски на крајот поентира дека политичарите тие што судат дали Договорот од Преспа е прекршен или не.

„Не сме ние политичарите коишто судиме дали е прекршен некој договор или не. Има институции. Тоа се судовите. Договорот преспански, стои јасно, има инстититуција којашто носи пресуда дали е прекршен или не, а тоа е Судот за правда во Хаг. Сѐ додека ние политичарите коментираме судски одлуки, кажуваме кој прекршил, кој не прекршил, создаваме преседани. Кога еднаш ќе се создаде преседан во меѓународното право, тоа може да има глобални импликации. Не сум јас тој којшто суди, дали Мицотакис, Ципрас или некој друг по нив ќе го прекрши или не го прекршил Договорот. Ако јас мислам дека е така, ангажирам адвокати, почнувам процес и судот е тој којшто докажува. А со закани, со уцени, во 21 век, жалам, простете ми, не само што не сакам да се служам, туку истите ги отфрлам и навистина сум вчудоневиден од политичари коишто себе се претставуваат како европски политичари да се служат со ваков тип на закани и уцени“, изјави Мицкоски.

На крајот на одговорот Мицкоски кажа и дека се надева оти Мицотакис не дал баш таква изјава како што беше парафразирана во прашањето до него.

Најчитани статии

Доаѓаат од далеку да ни кажат тоа што некои овде не сакаат да го знаат

Од 4 земји го присвојувале Александар Велики но тој дошол во Македонија (ВИДЕО)