Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон се сретна со претставници на македонската дијаспора, објави утрово Мицкоски на Фејсбук, посочувајќи дека пред самитот на НАТО посветил внимание на прашањата и позициите на дијаспората во САД.
„Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетатат македонска дијаспора, со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси“, напиша премиерот.
Мицкоски пред два дена со делегација отпатува за САД каде што ќе учествува на самитот на НАТО во Вашингтон по повод 75-години од формирањето на Алијансата.






