Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одржа. средба помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,Твоја Македонија”, пред конституирањето на македонското собрание.
-Многу работа и резултати кои мора да ги донесеме за Македонија, напиша кпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.
Утрешната конститутивна седница ќе има само три точки: Избор на верификациона комисија за верификација на 119 мандати, Комисија за избори и именувања која ќе предложи претседател и избор на претседател на Собранието. До тој момент, ќе претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи-Коџаџику.
Собранието ќе брои 120 пратеници, но на утрешната седница ќе присуствуваат само 119 пратеници чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија.





