Мицкоски речиси 7 пати попопуларен од Филипче – најнова анкета на Маркет Вижн

Најновата анкета на Агенцијата Маркет Вижн нарачана од МКД.мк покажува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски е речиси 7 пати попопуларен од претседателот на СДСМ Венко Филипче.



Во однос на лидерите на политичките партии, како и на претходното истражување од декември минатата година, Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците.

На Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, а на второто место е Венко Филипче со 3,8%.

Во албанскиот кампус и натаму најпопуларен политичар е Али Ахмети (6,2%).

Но, вкупниот рејтинг на лидерите на партиите од коалицијата Вреди (Изет Меџити, Билал Касами, Арбен Таравари и Африм Гаши) е поголем од рејтингот на Ахмети.

Меѓу нив, најголем е рејтингот на Таравари кој се подготвува да ја напушти коалицијата Вреди.

Анкетирањето на Маркет Вижн било спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.