Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со сенаторката Џин Шајин, сенаторот Том Тилис и членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО.
Тој на својот фејсбук профил дека оваа средба ја оствариле заедно со премиерите на Албанија и Црна Гора.
“Во Вашингтон, заедно со претседателите на Влада на Република Албанија, Еди Рама и на Република Црна Гора, Милојко Спајиќ остваривме средба со сенаторката Џин Шајин, сенаторот Том Тилис и членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО. Истакнав дека иднината на регионот е економската соработка и инвестициите” информираше Мицкоски.





