„Има најмалку три креативни решенија коишто сум подготвен да ги разговарам кога ќе има политичка влада во Бугарија, кои мислам дека можат да бидат излезно сценарио од целиот процес“, рече премиерот во синоќешното гостување на ТВ24 говорејќи на тема евроинтеграции и бугарското вето.



„Измени под бугарски диктат ќе нема. Патот по кој се одеше досега не поминува кај народот. Направена е грешка и треба да се бара решение.

Подготвени сме да седнеме и да најдеме решение со новата влада во Бугарија која се очекува да ја формира Бојко Борисов.

Да разговараме за се, за можните ризиици… Неприфатрливи се изјавите дека уште ова треба да го направите и готово. Зашто ние направивме многу за европските вредности, а добивме нула“, рече премиерот.

Тој уште рече дека доколку има политичка волја и вистинско читање на нештата, промена на преговарачката рамка со ЕУ е можна, а потребни ќе бидат гаранции дека нема да има дополнителни билатерални услови од Софија со посредништво на Европската унија.