Мицкоски по посетата на повредените во ГОБ “8 Септември“ (ЖИВО)

Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски, по посета на повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани во ГОБ 8 Септември Скопје.



Премиерот, меѓу другото, повика сите „оние коишто беа во периметарот на ужасниот настан, на оваа ужасна трагедија да се јават на доктор, да побараат консултација без разлика дали чувствуваат или не чувствуваат проблеми.

За сето останато како Влада правиме сѐ што можеме и ќе продолжиме да правиме сѐ што можеме да спасиме човечки живот“, рече Мицкоски.