Мицкоски: Палењето на македонското знаме е чин на агресија

 

„Бидете сигурни дека македонската влада ќе одговори жестоко на сите обиди да се дестабилизира државата“, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски по инцидентите за време на одбечлежувањето на денот на албанското знаме.



Мицкоски рече дека стратешките партнери и меѓународната заедница биле предупредени дека ќе има инциденти , а вчера утрото, заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, ги информирале за настаните и им доставивиле докази „за тоа што се случуваше и за тоа што очекуваме да се случува“.

Премиерот најостро го осуди сквернавењето на македонското знаме.

„Тоа е чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува и дека ќе има обиди за ескалација и за креирање на меѓуетнички тензии, а ќе има и во иднина.

Ова нема да е изолиран случај, очекувајте дека ќе и во иднина. Како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака, со манипулирање и со предизвикување на ваков тип на инциденти.

Им честитам на навремената, трезвена и државничка акција на МВР, БЈБ СВР Скопје и на полицајците кои не дозволија ескалирање и реагираа во насока на приведување на лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме“, рече Мицкоски.

Премиерот апелираше до македонските граѓани на трезвеност, „да не дозволиме овие инциденти да предизвикаат негативни чувства, бидејќи ова е мала, изолирана и манипулираа група од оние кои ги штитат своите милиони. А, тие кои се потенцијални жртви на овие политички криминалци и насилници, сакам да ги предупредам дека нема да има милост кон никого.

Секој кој ќе го прекрши законот ќе одговара и ако мислат дека се недопирливи и дека ова што го зборуваме не е вистина, силно ќе се разочараат. Уште во првиот обид ќе бидат приведени. Апелирам до граѓаните без разлика на етничката припадност, да не дозволиме овие криминални групи, кои се длабоко во своето политичкото мочуриште, а беа 7 години власт, да ја дестабилизираат нашата заедничка татковина“,рече премиерот.

Ддодаде дека Владата ќе гарантира безбедност, трезвена акција на полицијата и државничко однесување.