Мицкоски очекува влада во Софија со која ќе разговара за деблокада на Македонија на патот кон ЕУ

Макдонскиот премиер Христијан Мицкоски очекува дека по седмите по ред парламентарни избори во Бугарија, нема да има уште едни – осми по ред.



Мицкоски посакува ГЕРБ на Борисов да победи на изборите во Бугарија

„Интересен мозаик ќе има во бугарскиот Парламент. Очекувам влада од три партнери. Без овие две не може да се направи влада ГЕРБ-СДС и Продолжуваат промените – Демократска Бугарија. Ќе видиме како ќе се развиваат работите.

Се надеваме дека ќе има Влада и дека нема да има осми избори по ред и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија во ЕУ“ изјави денеска Мицкоски.

Премиерот не одговори дали му честитал на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов со оглед дека неговата партија освои најмногу гласови и би требало да ја формира новата влада.