Мицкоски одржа средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер

Премиерот Христијан Мицкоски посетата во Вашингтон ја искористи за средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер.
– Разговаравме за предизвиците со кои се соочува Македонија, поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси. Разговаравме и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и политичка соработка. Мораме да ја менуваме реалноста и да го подобруваме животот на граѓаните, напиша Мицкоски.



Премиерот ја предводи македонската владина делегација на НАТО самитот во Вашингтон, а во рамки на посетата остварени се низа средби.