Мицкоски: Одлична вест, раст на индустриското производство

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека е забележан раст на индустриското производство, а после подог период забележан е пораст на квартално ниво.



-На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: Раст на индустриското производство за Март од 5,2% на годишно ниво, споредено со Март 2024 година и после долго време раст на индустриското прозводство на квартално ниво. Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Посебно радува фактот што расте преработувачката индустрија во Март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%, напиша Мицкоски.

Тој додава дека како Влада наследиле катастрофални бројки, производството бележело негатива, а индустријата била бо рецесија.

-Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Следеа два квартали на стабилизација и конечно имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за Европската економија и автомобилската индустрија. Ова се солидни индикатори и инспирација да продолжиме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија, додаде Мицкоски.