Мицкоски, Николоски, Муцунски и Силјановска Давкова на конгрес на ЕПП во Букурешт

Букурешт деновиве е политичка престолнина на Европа. Таму е собран политичкиот крем од европските народни партии кои ќе дебатираат за состојбите, политиките, во пресрет на изборите за Европскиот парламент. На конгресот на Европската народна партија присутна е висока делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот претседател Христијан Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати на конгресот, а ќе има и значајни билатерални средби со високи европски политички лидери. Со него во Букурешт се и потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова.



Интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски погледнете го тука.