Мицкоски на средба со Трајановски: Ги стабилизираме институциите

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со директорот на ЈП Државни патишта, Коце Трајановски. На состанокот беше презентирана реализацијата на проектите коишто се дел од работата на ова јавно претпријатие.



“Ги стабилизираме институциите од криминалот на минатата власт, за милион и сто илјади евра повеќе пари од патарините кои порано оделе во приватни џебови.

Го повикувам Јавниот обвинител, ќе повторам избран од мнозинството СДСМ-ДУИ да влезе во институциите и да се позанимава со криминалот кој што го правеле функционерите од СДСМ-ДУИ.

Само така ќе покаже дека навистина е неутрален и објективен. Во спротивно ќе мораме ние како Влада да го заштитиме интересот на граѓаните, ако не се постапува, ако не се работи ние мораме да го заштитиме тој интерес” напиша Мицкоски.