Мицкоски на средба со кошаркарите: Македонија е горда на нивниот успех

Дванаесетте кошаркари кои вчера ги освоија златните медали на Европското првенство за кошаркари до 18 години од „Б“ дивизијата заедно до со раководството на Кошаркарската Федерација денеска беше на прием кај претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој заедно со Министерот за спорт, Борко Ристовски, упати пофални зборови за целокупната работа и успех.



Македонија е горда на нивниот успех напиша премиерот Христијан Мицкоски објавувајќи видео.

Кошаркарите, поддржани од клупата од селекторот Горан Андреевски, неговите стручни соработници Никола Димитриевски и Един Имер како и тренерот за физичка подготовка, Трајче Стојанов и медицинскиот двоец – Дарко Гогов (доктор) и Крсте Гелејчевски (физиотерапевт) запишаа осум победи од исто толку вкупен број на натпревари.