Мицкоски на панел дискусија на ЕПП

Премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на панел во организација на Европската народна партија (ЕПП), посветен на одговарањето на демографската криза, тема која бара итно внимание и заеднички ангажман за обезбедување одржлива иднина за граѓаните на Европа.



“Панелот ги покри темите поврзани со поддршка на мајките, децата и семејствата, како и домувањето за младите, даночната политика, изградбата на нови градинки, намалувањето на иселувањето и депопулацијата.

Се очекува утре конгресот на ЕПП да донесе посебна резеолуција за демографијата”, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.