Предлог закон за измени на Законот за енергетика поднесе група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на кој прво потпишан е Христијан Мицкоски достави до Собранието со цел да се спречи зголемување на цената на струјата.
Со предложените измени треба да се овозможи да нема зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, за кои се подготвува нов ценовник од 1 јули.
Според Мицкоски, со Предлогот кој е доставен да се донесе по скратена постапка, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти.
Тој ги повика сите пратеници да гласаат за законските измени затоа што така ќе се спречи и инфлаторната спирала.






