Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот на партијата во Крива Паланка, опредупреди дека ДУИ и СДСМ коваат заговор против Македонија со поделбите на позициите и на државните функции.



Оовој „режим“ е „опслужуван од слугите од СДСМ“ и од лидерот на владејачката партија Димитар Ковачевски, рече Мицкоски според кој СДСМ го прави ова за да купи ден повеќе, а ДУИ за да украде милион повеќе.

„ДУИ со нивните коалициони партнери сакале 70 отсто од министерствата, компаниите, институциите, а 30, само 30 отсто за СДСМ и за Ковачевски.

И за ова има информации дека имало веќе средби, а Ковачевски му рекол на Ахмети – земи  бел лист хартија напиши колку треба за СДСМ, ние ќе прифатиме. Ете на тоа дереџе падна СДСМ, и со тој образ-ѓон партијата ја сведоа на најниските гранки“, рече Мицкоски.

Дека ова е вистина, Мицкоски рече дека потврдува е симулацијата која завчера ДУИ ја направи на распределба на министерски места и владини позиции.

„Јадно, СДСМ никаде го нема. Ќе им порачам кусо, влада не се прави со дигитрони, туку со поддршка од народ. И овој заговор нема да ви помине“,порача Мицкоски.