Две инвестиции во секторот градежништво и автомобилската индустрија вредни 50 милиони евра, најави премиерот Христијан Мицкоски денеска.
Тие се очекуваат до крајот на месецот.
„Преговараме и очекувам до крајот на овој месец да имаме две инвестиции. Едната ќе биде проширување на веќе постојан погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција, кои ќе обезбедат до 500 нови работни места.
Очекувам овој месец тие две да ги завршиме, а веќе во декември ќе имаме најмалку уште две, но и почеток на една нова инвестиција, поточно ставање на камен темелник – изјави денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање.






