Добив мандат за преговори и за состав на новата влада и тие успешно завршија.Новата Влада ќе биде составена од Коалицијата „Твоја Македонија“, Коалицијата „Вреди“ и Движењето Знам – За наша Македонија. При изборот на кадровскиот потенцијал за состав на новат влада се водев од принципите за чесност и посветеност, за да одбереме луѓе кои ќе бидат успешни. Го немаме луксузот „да не се успее“. Во овие луѓе кои ги предлагам, имам голема надеж и заедно не чека многу работа, порача мандатарот Христијан Мицкоски на прес конференција по состаноците во ВМРО-ДПМНЕ за кадровските решенија во идната влада.
Извршниот комитет предложи, а Централниот едногласно одлучи за следните предлози:
- Вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски
- Министер за одбрана Владо Мисајловски
- Министер за финансии Гордана Димитриевска Кочоска
- Министер за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски
- Министер за локална самоуправа Златко Перински
- Mинистер за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски
- Министер за спорт Борко Ристовски
- Министер за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска
- Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски
- Министер за култура и туризам Зоран Љутков
- Министер за внатрешни работи Панче Тошковски
- Министер за образование Весна Јаневска
- Вицепремиер за политички систем Љупчо Димовски
- Вицепремиер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ
- Министер без ресор Шабан Салиу





