Во неодамнешното гостување во поткастот на новинарот Кристијан Ландов, премиерот Христијан Мицкоски откри дека ги барале снимените разговори со кои беа прислушкувани судии и обвинители на почетокот на мандатот на СДСМ, меѓутоа дека истите ги нема.
„Нели беа тие на безбедно во МВР? Ги нема. Тоа безбедно место не успеавме да го најдеме ниту во МВР ниту во другите институции. Ги нема снимките. Нели беа на сигурно во депото на МВР, епа ги нема рече тој.
На прашањето дали се на безбедно снимките од СЈО, премиерот рече дека не знае, но оти претпоставува дека такви разговори можат да се најдат по пазарите низ Македонија, дека тие веќе не се ниту атрактивни.





