Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски од денес и во наредните неколку дена ќе присуствува во Сојузна Република Германија на Минхенската безбедносна конференција. Ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Минхенскатa конференција се одржува од 14 до 16 февруари и ќе претставува пригода и можност за водење дијалог на високо рамниште за клучните надворешни и безбедносни предизвици од страна на политичките лидери, а посебно и за ново лобирање за Република Македонија.
На конференцијата ќе присуствуваат американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио. За време на Конференцијата премиерот Мицкоски се очекува да има средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, со претседавачот на Минхенската конференција амбасадорот Кристоф Хојгенс, со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со други државници и политички лидери.
Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски ќе настапи со своја реч на завршниот настан на Минхенската конференција, посветен на ЕУ, пристапните преговори на Западниот Балкан, како и на панел-дискусијата на Форин Полиси, на која ќе се говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално рамниште. Мицкоски ќе ја искористи оваа пригода за лобирање и прикажување на реалната слика од пристапните преговори на Република Македонија во поглед на европските перспективи, како и во врска со планирањата за развој и економски достигнувања како дел од напорите за економски напредок и сигурност на граѓаните на Македонија.
Home Македонија Мицкоски во Германија на Минхенската конференција 14-16.2.2025: нова пригода за лобирање за...





