Во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, Н. В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан.
Целта на посетата е зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можности за инвестиции во инфраструктура, агро-бизнис, обновливи извори на енергија, туризам, иновации и нови технологии.
Посетата се реализира на покана на Зајед Ал-Нахјан.






