Мицкоски внимателно ќе го разгледа писмото од граѓанинот Ахмети како што тоа го прави со писмата од сите други граѓани (ВИДЕО)

Откако вчера во јавноста излезе информација дека лидерот на ДУИ Али Ахмети испратил писмо до дипломати за наводната криза во Македонија и нарушување на Охридскиот договор денеска премиерот Христијан Мицкоски за време на надзор на проектот Коридор 8 кај Гостивар беше прашан дали го добил и прочитал писмото од Ахмети.



На првото прашање на оваа тема Мицкоски рече дека не го добил писмото а на второто одговори дека навистина не го добил но дека ако го добие ќе пристапи кон сериозно читање.

Според Мицкоски Ахмети како и сите други граѓани заслужува да му биде внимателно прочитана пораката од страна на владата.

Мицкоски вели дека добива многу писма од граѓани и со големо внимание пристапува кон писмата од сите други граѓани а така ќе биде и со граѓанинот Ахмети.

Премиерот вели дека оваа влада е одговорна, сериозно пристапува во комуникацијата со граѓаните и не игра фудбал како што тоа го правеше владата на ДУИ и СДСМ туку работи.

Изјавата на Мицкоски за писмото на Агенти на 25 минута и 40 секунди од видеото

https://www.facebook.com/share/v/yK5YzSs3Bo49Ljpa/