Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека владината коалиција е стабилна, а препукувањето помеѓу пратеникот од ВМРО-ДПМЕ Антонијо Милошоски и министерот за правда Игор Филков според него, ќе застане, на овие два лични ставови.
– Владината коалиција е стабилна. Пратеникот Антонио Милошоски е член на Извршниот комитет на партијата и тој е дел од мојот најблизок периметар. Соработката со него ја оценувам на највисоко ниво. Од друга страна, знам со какви проблеми се соочува министерот Филков, знам каква состојба затекна во Министерството за правда, континуирано на дневна основа соработуваме во делот на реформите, кои се многу важни посебно во секторот правда. Но, она што можев да го заклучам, а убеден сум дека сето ова ќе застане на овие два лични ставови е дека секој има право на лош ден, па така јас мислам дека тој лош ден и за едниот и за другиот завршува. Граѓаните да бидат спокојни, Владата е стабилна – порача премиерот.
Прашан дали има проблеми со коалицијата Вреди во која е министерот за здравство Арбен Тараври кој предвои едно од крилата во Алијанса за Албанците, рече дека нема такво чувство и оти имаат исклучителна соработка.





