Мицкоски: Ветивме и исполнуваме, Македонија се враќа на народот (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од нов патен правец со порака: Ветивме и исполнуваме, Македонија се враќа на народот.



,,Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, @AlexandarMKD е новиот експресен пат Чатал – Длабочица – Крива Паланка во должина од 25,5 км, кој е голем чекор напред за нашата инфраструктура и економија.

Со вакви проекти Македонија ќе го зајакне своето место на Балканот како важен транспортен коридор.

Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура.
Ветивме и исполнуваме! Македонија со секој ден станува сѐ повеќе ваша и се враќа на народот.

Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да го правиме, работа и резултати”, објави премиерот за проектот што беше отворен вчера анза кој тој вели дека не е ниту на СДСМ ниту на ВМРО-ДПМНЕ туку на граѓаните.

Видеото на линкот

https://x.com/MickoskiHM/status/1875833444913082432?t=SI6-iAWbIrP_wjgIzYU-vQ&s=19