Премиероt најави засилени контроли и итна реакција на терен по наводите кои ги добиле во Комисијата за заштита на конкуренцијата, Министерството за економија и инспекторите во пазарната инспекција.
На фејсбук-профил, Мицкоски најави дека треба да се провери однесувањето на трговците и да се спречат какви било злоупотреби.
„Денеска тие маркети ќе подлежат на ригорозна контрола бидејќи според информациите со кои располагаме има околу 20 илјади коминтенти по синџир на маркети и ќе треба длабоко да се навлезе во тоа да видиме дали постојат вакви индиции“
Истовремено тој најави дека и други објекти ќе бидат подложни на ваков тип на контроли.






