Мицкоски: Борис Трајковски беше државник со визија

Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата.



Неговите заложби за мир, соработка и интеграција се вредности кои и денес остануваат пример за сите нас, објави денеска на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски по повод 21-годишнината од загинувањето на македонскиот претседател во близина на Мостар, БиХ, заедно со неговите соработници и екипажот на авионот.