Мицкоски: Анкетната комисија да се прошири и за Ласкарци, Дурмо Турс, Беса Транс и за Модуларната болница. Нема простор за ипровизација, да се расчистат сите случаи

Нема повеќе простор за импровизација за случаите со Ласкарци, Дурмо Турс, Беса Транс, Модуларната болница и трагедијата во Кочани, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ предложила анкетната комисија која ја бараат од СДСМ за трагедијата во Кочани да се прошири и за случаите со Ласкарци, дурмо Турс, Беса Транс и со Модуларната болница,.
Мицкоски истакна дека во истрагата за трагедијата во Кочани досега 34 лица се во притвор додека за другите споменати предмети таа бројка изнесува нула и дека за нив се произнел само примарниот суд.
– Имаше идеја за анкетна комисија за случајот со Кочани. Нашата пратеничка група предложи комисијата да се прошири и за случаите со Ласкарци, Дурмо Турс, Беса Транс и со Модуларната болница. Нема повеќе простор за импровизација, мора да се расчистат сите случаи. И јавноста секако тоа да го надгледува.



– Кога зборуваме за објективна одговороност, тогаш ќе треба сите случаи кои набрзина беа заташкани во случаите со Ласкарци, Беса Транс Во дел од нив се произнел само примарниот суд. Тој ресет ќе мора да се направи на сите нивоа. Како е направен тендерот и зошто, кој бил надзор, зошто не бил пуштен. Тие случаи завршија со нула приведени, додека за случајот во Кочани досега има 34 приведени и бројни други лица се повикани на разговор.

Премиерот беше прашан и дали има простор во истрагата за Кочани да бидат обвинети и актуелни политичари или некои од тие политичари да дадат оставки, на што изјави дека истрагата ја води Јавното Обвинителство и дека таму треба да се постави истото прашање.
– Ако цените дека треба јас да поднесам оставка од морални причини, немам проблем да го сторам тоа – додава Мицкоски.