Економскава директорка од Токсикологија е совршена парадигма за партизиранава и упропастена држава од страна на сите владејачки партии, реагира новинарот Ивор Мицковски на настаните кои се случуваат на оваа Клиника кои како да се извадени од Риплиевото „Верувале или не“!
Директорката на Токсикологија одби да зборува македонски – новинарите си заминаа (ВИДЕО)
„Работи на измислена позиција, крајно непотребна, тотално нестручна, не знае јазик, не оди на работа или оди со родител, нема основно културно однесување, не сака да вработи неопходни кадри, а бутка 20-тина партиски, и воедно за рекордно време прави дупка во парите на институцијата.
Доктори со мизерни плати, луѓе кои не знаат македонски – директори
Совршен пример како тераме и ќе тераме додека не се изгрицка и последната кикирика и не се ислупи и последната лушпа.
Једино што и одговара е фактот дека е Токсична“- велчи Мицковска во објава на Фејсбук.






