Новинарот Ивор Мицковски реагира на објавата на Фејсбук на Артан Груби кој ги демантираше шпекулациите дека избегал од државата тврдејќи дека е на приватна посета во соседно Косово и побара јавноста да не шпекулира…
„Шпекулации или не, јавноста со право реагира после болните искуства со бегањето на Груевски, отсуството од државата на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и видни функционери на ДУИ кои во последно време, благодарение на болежливоста на нашите обвинители и судии, ја искористија ситуацијата навистина да избегаат од земјата. Како пребеганиот сириски диктатор Башар ал Асад во Москва, некогашните интегративци и прогресивци, а загусти, ја напуштаат државата“, пишува Мицковски во колумна насловена „Асад Груби“ .
„Груби, можеби и е на патување, но ќе се согласиме, дека после поставувањето на црната листа на САД, и додека македонското обвинителство отвара случај за него и за судијата Беџети, најмалку соодветно од негова страна е да ја напушти земјата, макар и за приватни посети во соседно Косово“, пишува Мицковски.
Во уште објава на иста тема Мицковски уште додава:





