Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, понуди влез во влада за Демократската партија на Турците.
Ова следуваше по обрачањето на пратеникот Бејџан Иљас кој од собраниска говорница рече дека нема можност да говори на својот мајчин јазик, бидејќи тоа не е овозможено во Собранието, јави ТВ 21.
Тој додаде дека ниту нивната иницијатива за една изборна единица не е прифатена, а се пожали и дека во актуелната но и минатите Влади во Македонија немало досега претставник Турчин.
По ова Никола Мицевски упати покана:
„Да влезете во Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ова парламентарно мнозинство и сите заедно да можеме да работиме на подобрување на работите во државата. Во моментов може да понудиме едно заменик министерство место.
Повелете влезете во Владата и заедно да работиме за предизвиците“, пратеникот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
На ова следуваше реплика од Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците во Македонија.
„Ви благодарам за поканата. Ние како партија имавме разговори со сите партии, ние тогаш се водевме согласно принципите и укажувањата на органите на партијата и затоа одлуката која ја донесовме и за тоа што сме дел од „Европскиот фронт“ беше дел од тие одлуки.
Не само во новата Влада, туку и во поранешните Влади немаме претставник Турчин“, изјави Бејџан Иљас.






