Министерката за финансии ќе стави потпис на договорот за унгарскиот кредит во Будимпешта

Утре во Будимпешта, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе го потпише договорот за кредит од 500 милиони евра, наменест за поддршката за македонскиот бизнис-сектор и за општинските проекти. Таа очекува веќе идната година буџетски дефицит не повиоск од 4% и раст помеѓу 3,5% и 3,7%. Од друга страна, најновите проекции на Виенскиот институт за меѓународни студии за земјава се дека долгот, кој со унгарскиот кредит ќе се зголеми на 68%, во следните години ќе порасне над 70%, а растот ќе биде помал од тоа што го очекува Владата.



Во исто време, кредитната агенција Фич го потврди ББ+ кредитниот рејтиг за земјава, што, според агенцијата, се должи на догогодишната политика на фиксен девизен курс и реформите поврзани со евроинтеграцијата. Половината милијарда евра од Унгарија кои земјава утре ќе ги потпише, се очекува на домашната буџетска сметка да стигнат до крајот на идната недела. Рокот за враќање е 15 години, со грејс период од три години. Каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25%.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 8 октомври ќе патува за Будимпешта каде ќе биде потпишан договорот за кредит во висина од 500 милиони евра од унгарската експорт-импорт банка.

  • На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта. Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на буџетските сметки, прво на девизната, а потоа ќе пренасочуваме дел на денарската сметка – рече таа во Штип.