„Не смееме да направиме потег што не е добро пресметан и не е добро промислен во врска со преговорите за името“, смета режисерот Владимир Милчин.
Во синоќешното „Ноќно студио“ на телевизија Телма тој рече дека нема впечаток оти во моментов во Македонија „се прават сериозни анализи, консултации со луѓе кои знаат, со експерти кои поседуваат чувство на одговорност“.
„Уставот еднаш веќе е променет под притисок на Грција, за да се избришат сите наводни иредентистички стремежи. Замислете, една Грција, која е членка на НАТО и на ЕУ, која има море, која е голема држава, глуми дека е загрозена од државичка, сиромашна, вон НАТО и Унијата. Тоа е идиотштина, политичка манипулација. Меѓутоа, ние сме сега во таква ситуација“, изјави Милчин.





