Речиси е познат новиот парламентарен состав по вчерашното прегласување во ИЕ % и ИЕ 6 каде, според првичните резултати, ДУИ изгуби еден пратеник, а на сметка на тоа коалицијата од 13 порасна на 14 патеници.
Пратеникот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски очекува дека новата влада ќе се формира до 20-ти јуни.
Засега ВМРО-ДПМНЕ нема почнати официјални преговори со партијата на Максим Димитриевски која освои 6 пратенички места за да бидат дел од новото владеачко мнозинство.
Според последните информации коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 58 пратенички места, коалицијата предводена од ДУИ 18 пратенички места, коалицијата предводена од СДСМ 18 пратенички места, ВРЕДИ освои 14 пратенички места и помалите политички партии од македонскиот блок, ЗНАМ и Левица освоија по 6 пратенички места.






