Очекуваните над 1 милион демонстранти на протестот против Македонија спаднаа на помалку од 150 илјади според официјалните грчки извештаи.
Грчката национална полиција ЕЛАС попладнево објави дека на протестот во Атина учествуваат не повеќе од 140 илјади луѓе.
Бројката е идентификувана според методологијата на грчката полиција која се користеше и за време на протестите против мерките за штедење наметнати од ЕУ во 2012 година.




