Нашата најголема фудбалска арена се подготвува да го дочека Милан кој за два дена игра во Скопје против Шкендија. За жал во овој двобој од 4 круг во Лига Европа веќе нема интензитет бидејќи нема неизвесност. Италијанците славеа минатиот четврток на Сан Сиро со 6-0 и сега доаѓаат во македонија на туризам. Затоа веројатно и ќе отстапат од востановената практика на сите екипи во сите европските купови, и во сите спортови, и воопшто нема да тренираат на теренот на кој ќе играат.
Милан доаѓа во Скопје утре навечер, екипата ќе преспие во мериот, а потоа ќе истрча на мечот со Шкендија е в четврток од 20.45 на Филип втори.





