Милан се соочува со исклучување од Лигата на Европа откако УЕФА поведе истрага за начинот на трошење и потеклото на 200 милиони евра што летово беа инвестиртани на Сан Сиро. Директорот на Росонерите Марко Фасоне бил на распит во Нион, но неговите изјави само ги увериле во УЕФА дека Милан не го почитувал финансискиот фер плеј по што седумкратниот Европски првак може да доживее елиминација.




