Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, продолжува да се фотографира со шал со напис „Македонија“ и со Сонцето од Кутлеш на своите патешествија низ американската сојузна држава Аризона, во чиј град Тусон живее.
„Ја донесов #Македонија со мене во дивината Санта Тереза во југоисточна Аризона, груб, оддалечен и прилично непристапен планински венец, кој е едноставно болно убав, на тридневно патување со две ноќи со ранец од 25 милји/40 километри“, објави Мико на Твитер.






