Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, го осуди бојкотот на седницата на Уставмиот суд на Македонија за Законот за употреба на јазиците од судиите Албанци Осман Кадриу и Насер Ајдари.
„Судиите етнички Албанци од Уставниот суд во #Македонија треба да одговараат за неизвршување на должноста со бојкотирањето на судската седница. Очигледно си играат политика“, коментира Мико на Твитер.






