Во заостанат натпревар од седмото коло во Првата кошаркарска лига првакот славеше на гости кај Фени со 82-56 и изби на третото место во најсилната наша конкуренција. Аеродромци беа во негатива само по првата четвртина по што засилија и на полувреме имаа девет разлика, а се што се однесува до желбите на кавадарчани за победа заврши во третиот период по кој МЗТ Скопје веќе имаше 20 разлика.
Најдобри поединци кај скопјени беа Лалиќ со 20 и Спасојевиќ со 16 поени, а во тимот на Фени Петровски даде 19 коша. Во следното коло МЗТ Скопје му е домаќин на водечкиот Работнички.




