Крилните центри Бојан Трајковски и Андреј Маслинко се нови кошаркари на клубот од Аеродром со што МЗТ Скопје треба и станува база на нашата најдобра репрезентација која во тековните квалификации за СП е во крајно неповолна ситуација.
Трајковски доаѓа од редовите на Карпош Соколи, а во кариерата има настапувано за бројни македонски клубови како Работнички, Фени Индустри, Торус, Лирија, Куманово како и за полскиот Слупск и косовската Приштина. Талентираниот Маслинко пак играше за Работнички, а одреден дел од кариерата има настапувано и за младинскиот тим на Стела Азура од Италија.
Претходно во таборот на „Металците“ пристигнаа Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ, Ерик Гарсија, Михајло Митев и Ранко Мамузиќ, а од минатата сезона под договор се Марко Симоновски и Адем Мекиќ.




