МЗТ Скопје доживеа уште еден петти пораз во низа во Јадранската лига. Подобар од нашиот шампион вечерва во Аерродорм беше Будуќност со 93 -71. Евидентна разлика во класа меѓу првиот на табелата и последниот, што подгоричани го докажаа со два извонредни периода. По 7-0 на крајот од првата четвртина дури и имавме приклучок и некакви шанси, но по 17-0 на почетокот од последните десет минути се беше завршено. Ова е најтешкиот пораз на МЗТ Скопје во досегашните домашни натпревари по што сме цврсто на дното во конкуренцијата и сега веќе со страв дека таму долго ќе останеме.