Лука Жориќ и Марко Томас комбинираа 47 поени и што е поважно беа присебни во финишот од мечот кога хрватскиот гостин направи разлика за конечните 83-76. Вториот пораз на МЗТ Скопје дома, а трет во сезоната во Јадранската лига е доживеан заради отсуството на вистински или можеби, повеќе напаѓачки решенија во клучните моменти во кои ние грешевме и бевме непрецизни, а ветераните Жориќ (33 години) и Томас (34 години) беа немилосрдни.



А се можеше да има поинаква разрешница зошто по водството на Цибона од 76-67, МЗТ Скојпе се врати со серија од 7-0 и имаше неколку напади за изедначување. Последниот таков е пропуштен на прагот на последнта минута при 79-76 за гостите кога Трајковски промаши за два, а веднаш потоа и Гарсија за три поена. Во нашиот првак Трајковски имаше 25 поени, а покрај него двоцифрени беа и Лалиќ со 16, Гарсија со 14 и Стојановски со 12 поена. На спротивната страна Жориќ даде 25, а Томас 22 коша.

Следниот меч за МЗТ Скпје кој сега со биланс 2-3 е во вториот дел од табелата во АБА е гостувањето кај Црвена Звезда закажано за 30 октомври.