МЗТ Скопје замина за нова средба во Јадранската лига која е исклучително тешка затоа што противник ќе биде Цедевита (сабота 17.00) која е моментно трета на табелата и која претендира на титулата во балканскиот натпревар. Аеродромци, пак, се во голема криза со пет порази по ред, но и со променет состав во голема мера што дава надеж за бегство од самото дно на кое сме стацинирани вече две кола.
Инаку последниот што од почетниот состав демисионира од Јане Сандански е Бобан Стаиќ кој ќе го засили Куманово.