Македонскиот кошаркарски првак загуби уште еден меч во регионалната лига и тоа кај Задар со 105-80 и сега на 8 кола до крајот е многу близу до испаѓање. МЗТ Скопје го предаде дуелот уште во првата четвртина кога Задар направи позитива од 32-14 што потоа беше невозможно да се стигне. Набрзо потоа беше и минус 21, но пред крајот на првото полувреме и само седум што се покажа како максимум зошто во продолжението беше повторен воведот, па сините на моменти имаа и минус од 27 поени.
Најефикасен поединец во составот на МЗТ Скопје беше Јордан Минчев со 17 поени, а Мавра и Лалиќ дадоа по 16 поени. Убедливо најдобар играч во победничиот тим беше Американецот Џошуа Бостик кој постигна 38 поени.