Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврдии дека согласно џентлменскиот договор во владината коалиција, Изет Меџити, ќе биде прв вицепремиер во Владата, јави МИА.
„Според законот кој што е важечки Владата односно премиерот има заменици, а договорот којшто го имаме во рамките на коалицијата е да да има прв вицепремиер и тоа ќе биде господинот Изет Меџити“ вели премерот Мицкоски според кој законот подразбира само заменици на претседателот на Владата.
Меџити тоа го најави деновиве…
Меџити вели дека ќе биде прв вице премиер
„Но, да!. Џентлменскиот договор во рамките на нашата коалиција и во рамките на нашето функционирање е таква, рече Мицкоски.
Прв вицепремиер во минатата Влада беше Артан Груби од ДУИ, а за првпат тој беше назначен како вицепремиер во Владата на 20 август 2020 година во Владата на Зоран Заев, јавува МИА






