Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на Фејсбук објави дека фирмата „Хеј“, чиј договор за закуп на деловен простор на Државната лотарија Владата вчера одлучи да го раскине е „фирма на пратеник на ДУИ“.
Според Меџити, преку овој договор била планирана „масовна кражба и перење на милиони евра од страна на високи функционери на ДУИ“.
„Нема враќање назад. Со епидемијата на коцкање ќе се бориме до крај, а коруптивните шеми на политичките казиноџии ќе ги уништуваме без компромис. Ова е само почеток. Кулата изградена со коцкарски карти наскоро ќе се урне, додека нејзините проектанти ќе одговараат пред законот и пред народот“, пишува Меџити.
https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fizetmexhiti%2Fposts%2Fpfbid0RNwBAw4ukKyGBWuZNAzy846p6MuYKUC9og2Ar7T71R4jqSui9KrcDsQxWdKYmue4l&show_text=true&width=500





