Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, денеска денеска изјави дека спојувањето на ВРЕДИ во политичка партија почнало минатата година, додавајќи дека не сакаат да избрзуваат со оваа идеја.
„Синоќа го поканивме господинот Таравари да размисли бидејќи се зборува и има информации и тој самиот потврди дека е во разговори со господинот Али Ахмети, со ДУИ.
Во ВРЕДИ се’ е дозволено, легитимно е и за градење позиции и за градење идеи, но демократијата има правила, се води дебата, се испитуваат аргументи, а предлозите на мнозинството се прифаќаат.
Но, ова не значи дека ако не можете да се разберете дома, треба да одите во ДУИ.
Гласовите ги добивме заедно, а не поединечно како политичка партија. Во тешки моменти сме здружени, не е добро да се разделиме во опуштени времиња.
Го поканувам Таравари да размисли, тој е дел од ВРЕДИ и го сакаме овде. Крајно време е да се повлече од разговорите со ДУИ.
Не може да биде дел од ВРЕДИ и да разговара со ДУИ“, рече меѓу другото Меџити.
Таравари на два ума: Со ВРЕДИ или АА самостојно да оди на локални избори






