Првиот вицепремиер и министер за животна средина од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити, вели дека „легитимно е и има право Таравари да соработува со ДУИ, но во тој случај треба тоа да го објави и да не се среми“.
Тој денеска повторно го повика својот коалициски партнер, министерот Арбен Таравари, да одлучи дали ќе соработува со ДУИ или ќе остане во ВРЕДИ и во Владата.
„Соработка со ДУИ и соработка со ВРЕДИ не е можна. Соработка со ДУИ и останување внатре во Владата мислам дека не оди. Треба да се определи“, вели Меџити.
Mеџити информираше дека на вчерашната владина седница на која, по игра на случајот, не присуствувал министерот за здравство Арбен Таравари.
Прашан дали е точно дека околу 1 мај ќе се одржи средба на премиерот Христијан Мицкоски со министерот за здравство Арбен Таравари и дали ВЛЕН како коалиција ќе биде присутна на тој состанок, Меџити вели:
„Не сме разговарале за тие детали. Тоа се технички работи. Јас кажав за нашите политички ставови – дека не може и со ВЛЕН и со ДУИ и мислам дека нема логика и со ДУИ и дел од Владата.“
Меџити додаде дека секојдневно се работи на процесот на припојување на партиите од коалицијата ВРЕДИ во една партија.
Потврди дека и неговото име се споменува како потенцијален претседател на новиот политички субјект, но, како што рече, во случајот приоритет се става на ВЛЕН отколку на индивидуалните амбиции, пренесе 360 степени.






