„Многу пратеници во Собранието од опозицијата сакаат да бидат дел од владата и ова ќе се случи, иако не го знам датумот!“ – изјави вицепремиерот Изет Меџити во интервју за Радио Слободна Европа на албански јазик.
Информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА пренесува: Во интервјуто Меџити ги коментираше и гласините за зголемување на парламентарното мнозинство.
Радио Слободна Европа: Вие и премиерот имате кажано дека ќе се зголеми парламентарното мнозинство, но ниту еден пратеник не преминал на другата страна. Дали се откажавте од идејата да ги убедите пратениците?
Изет Меџити: Не, постои комуникација. Се комуницира со повеќе пратеници од опозицијата, кои сакаат да бидат дел од новото мнозинство. Не го знам датумот, но ова ќе се случи.






